Тешка сообраќајка во Валандово: Се судрија трактор и автомобил, тешко повредени две жени

Вчера во 04.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на патот од с.Јосифово кон с.Пирава, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор ,,имт 533“ без регистарски ознаки, управуван од Р.М.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко возило „фолксваген шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(69) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген шаран“ И.П.(69) од Кавадарци и сопатничка од тракторот Ѓ.М.(37) од село Јосифово, додека со телесни повреди се здобила уште една малолетна сопатничка од тракторот, констатирани во здравствена установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

07.08.2024 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега