Тешка сообраќајка во Британија: Две девојки загинале, четворица патници тешко повредени

Две девојчиња (13 и 16) загинале, а четворица патници тешко се повредени во верижен судар на два автомобили во Дисли, Чешир.

Како што пишува Мирор, возачот на автомобилот Оксхал Корса (18) во кој се наоѓале девојките, поради повреди е пренесен во болница и уапсен поради насилно возење.

Несреќата се случила, кога автомобилот во кој биле девојките се судрил со црвена форд фиеста, управувана од 20-годишна жена која по полесни повреди била пренесена на лекување во болница.

Двајца други патници во корсата, за кои се вели дека се 21-годишна жена и 14-годишно момче, се пренесени во болница.

Се верува дека нивните повреди не се опасни по живот.

21.03.2023 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа