Дождот поплави влез на зграда во Охрид

 

РЦУК Охрид известува дека преку Единствениот повикувачки број 112 за итни случаи вчера е пријавена поплава во зграда на улицата „Карпош Војвода“.

Во 21:27 часот синоќа, била добиена пријава од станари дека поради поројниот дожд и проблем со фекалната канализација се поплавил влез во зграда на ул.„Карпош Војвода“.

За ова веднаш е известена ЈП „Нискоградба“ - Охрид и лице за контак од Кризниот штаб на Општина Охрид за понатамошна постапка, информираат од ЦУК.

25.04.2025 - 11:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега