Тешка сообраќајка вечерва на патот Охрид – Струга: Се судрија товарно и патничко возило, има повредени

 

Три лица се повредени во сообраќајна незгода меѓу товарно и патничко возило што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА ја потврди информацијата посочувајќи дека увидот е во тек и повеќе информации најави за утре.

– Незгодата се случила околу 19 часот на патниот правец Охрид – Струга. Полициски екипи вршат увид на местото, изјави Димоски за МИА.

Според очевидци, незгодата се случила меѓу товарно возило со албански национални ознаки и патничко моторно возило со охридски регистерски ознаки.

Повредените се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, од каде потврдија дека се на опсервација и повеќе детали најавија за подоцна.

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Струга е пренасочен по стариот пат. 

25.01.2023 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега