Тешка сообраќајка кај Слупчане: 17-годишник излетал со „ауди“

 


Вчера околу 23.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Граничен премин Белановце-Куманово, атар на с.Слупчане, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 17-годишник од с.Отља, општина Липково, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

29.05.2025 - 15:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега