Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг на рекордно ниско ниво во последните пет години, раст на БДП од 3,7% е остварлив
Јавниот долг во првиот квартал е на најниско ниво во последните пет години и бележи намалување за 36 милиони евра во споредба со состојбата на крајот на 2024 година. Остануваме на определбата за фискална консолидација и цврсто сме убедени дека ќе го оствариме проектираниот раст од 3,7%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочосока во одговор на праеничко прашање на вчерашната собраниска седница.
„Податоците покажуваат рекордно најниско ниво на јавен долг во првиот квартал кога е забележано намалување за околу 36 милиони евра или 4,7 п.п. како процент од БДП во споредба со податокот од 31 декември 2024 година - 62,4%. Ова е факт дека домаќински работиме со парите на граѓаните и она што е важно, а да не забоаравме дека во овој квартал вративме 500 милиони евра еврообврзница земена од претходната Влада. Бројките говорат за нашите политики и се сигнал дека цврсто чекори во остварување на нашето ветување дека ќе имаме фискална консолидација“, истакна Диммитриеска-Кочоска.
Таа посочи дека Владата останува на проекцијата за рат на БДП од 3,7% и сподели повеќе индикатори кои се поткрепа во остварување на проекцијата.
„Расот на БДП во четвртиот квартал е 3,2%. Бруто инвестиции во четвртиот квартал имаа раст од 22,1%. Рекордно ниво на странски директни инвестиции од 1,255 милијарди евра во 2024 година. Раст кај индустриското производство, кое во континуитет бележеше пад. Намалување на стапката на невработеност и раст на бројот на вработени, особено во приватниот сектор. Имајќи ги предвид сите овие индикатори очекувањата се дека во периодот што ќе следи ќе имаме и многу подобри податоци и дека стапката на раст од 3,7% е реална и остварлива“, посочи министерката.
Таа потсети на реализираното зголемување на пензиите на 338 илјади пензионери по 5.000 денари, раст на платите на 87000 вработени во администрацијата, како и на 23000 вработени во полицијата, образованието и здравството.
Министерката се осврна и на реализацијата на капиталните инвестиции и посочи дека заклучно со 30 април ррализирани се 9,5 милијарди денари, а доколку се примени истата методологија на прикажување капитални расходи во буџетот како и во претходната година ќе се забележи раст од 60% во реализацијата на капитални расходи.
„Она што е исплатено е врз основа на реализација на терен“, рече министерката, појаснувајќи дека од оваа година од капиталните расходи се издвоени исплатите на гаранции и трансфери.
Поголема реализација на капиталнтие расходи очекува во наредниот период, вклучително и на капиталните инвестиции кои се реализираат преку општините, а за кои се обезбеди средства од Буџетот.
Соопшти дека досега се испалтени 450 милиони денари за реализирани работи на тие општински проекти во рамки на првиот повик.
„На терен има реализација на овие проекти и врз основа на информациите од ресорните министри имплементацијата се одвива одлично. Очекуваме позабрзано темпо на реализација во наредниот период“, рече минситерката и наведе дека на вториот повик се доставени 887 проекти од сите 80 општини и дека вредноста на проектите е 15 милијарди денари, односно онолку колку што се планирани средства во Буџетот за 2025 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа