Трајановски: Завршува рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум – Инвестирани 11,7 милиони евра

 


Рехабилитацијата на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, проект кој се спроведува за прв пат по четири децении, е при крај и се очекува да заврши во предвидениот рок. Ова го истакна Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈППД).

За проектот се инвестирани 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈППД. Рехабилитирани се 24,3 километри од патот, што значително ќе ја подобри инфраструктурата во охридскиот регион.

Трајановски нагласи дека со овој проект е подигната безбедноста во сообраќајот и е подобрен квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион. Дополнително, обезбедена е квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија.

Во рамки на работите, извршено е растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и монтирана е заштитна челична мрежа на косините. Ова го подобри прегледноста на патот, што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот.

Во моментов, привршува поставувањето на вертикалната сигнализација (сообраќајни знаци) и означувањето на хоризонталната сигнализација (боење со патарска боја). Исто така, при крај е и поставувањето на еластичната одбојна ограда.

„Овој магистрален пат е исклучително значаен не само затоа што е главна туристичка сообраќајна делница, туку и затоа што нè поврзува регионално. Реализираме проекти со кој ја подобруваме патната мрежа во охридскиот регион и во нашата убава Македонија!“, истакна директорот Трајановски.

30.05.2025 - 11:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега