Close Menu
Press24
    Најново

    Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно

    01.11.2026 во 13:42

    До 13 часот 27,81% излегле на гласање, далеку повеќе од првиот круг

    01.11.2026 во 13:36

    До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница

    01.11.2026 во 13:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно
    • До 13 часот 27,81% излегле на гласање, далеку повеќе од првиот круг
    • До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница
    • Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија
    • Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?
    • Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?
    • На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица
    • Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тешка несреќа во Турција: 11 загинати и 27 повредени во судир на туристички автобус и возило за помош на патот

    Тешка несреќа во Турција: 11 загинати и 27 повредени во судир на туристички автобус и возило за помош на патот

    11.10.2026 во 15:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 11 лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа туристички автобус и возило за помош на патиштата во близина на градот Маниса, во западна Турција, јави турската телевизија НТВ.

    Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот, кога туристичкиот автобус на компанијата „My World Tur“ се судрил со возилото за помош на патиштата на автопатот Гебзе–Орхангази–Измир, во близина на наплатните рампи кај градот Акхисар, во областа Маниса. Според медиумските извештаи, од силината на ударот, автобусот се превртел, а камионот излетал од патот.

    По добиената пријава, на местото на несреќата испратени се повеќе амбулантни возила, противпожарни екипи и полициски тимови, по што повредените веднаш биле пренесени во болница.

    Едно од повредените лица е во критична состојба, изјави гувернерот на Маниса, Вахдетин Јозкан. Тој додаде дека Јавното обвинителство веќе започнало истрага за причините за несреќата.

    „Според првичните информации, 11 наши сограѓани загинаа, а 26 се повредени во сообраќајна несреќа во областа Акхисар во Маниса. Екипите на AFAD, полицијата, жандармеријата, противпожарната служба и итната медицинска помош (112) веднаш беа упатени на местото на настанот и започнаа со интервенција. Внимателно ја следиме ситуацијата заедно со сите надлежни институции. Се молам на Бога за милост кон нашите сограѓани кои ги загубија животите, за трпение и сочувство до нивните семејства, како и за брзо закрепнување на повредените. Нека Бог ја заштити нашата земја и нашиот сакан народ од секаков вид несреќи и катастрофи“, напиша министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи на социјалните мрежи.

    Засега нема официјални информации за идентитетот и држајанството на патниците во автобусот, а подоцна се очекува да бидат објавени имињата на загинатите и на повредените лица.

    Прочитај повеќе

    Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?

    01.11.2026 во 11:46

    Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази

    01.11.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.