Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави утринските температури, при што најниска е измерена во повеќе градови.

Најстудено е во Тетово, Битола и Берово, каде термометрите се спуштиле до -1 степен Целзиусов.

Следат со 0 степени Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови. Еден степен е измерен во Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес, додека 2 степени има во Крушево, Штип и Кавадарци. Најтопло утро имале Гевгелија и Охрид со 4 степени, и Претор со 5 степени.

Според прогнозата на УХМР, денешниот ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност.

Во претпладневните часови, по одделни котлини се очекува појава на слаба магла. Ќе дува слаб променлив ветер.

Дневната максимална температура ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во главниот град, Скопје, се очекува сончево и претежно тивко време со мала до умерена облачност. Во делови од скопската котлина претпладне ќе има слаба магла. Максималната температура во Скопје ќе достигне до 11 степени.

Exit mobile version