Поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска неколку скопски населби ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја ќе останат корисници во две општини.

Во општина Чаир, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, прекин ќе има на улицата Чаирска.

Во општина Сопиште, од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат жителите од Горно Соње, поточно корисниците на улиците „7“ и „9“.

Exit mobile version