Вчера во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Г. (36) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени растителна и грутчеста материја, како и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version