УХМР ги измери температурите во 11 часот во Македонија. Со само 4 степени, Попова Шапка е сеуште најстуденото место. По неа следи Крушево со измерини 10 степени.
Најтопло е во Демир Капија со 22 степени, додека во Скопје УХМР измери 19 степени.
Променливо облачно време со сончеви периоди, свежо и ветровито, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните планински региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено и силен северен ветер, со брзина до 60 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степени.
До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.