Тажна вест: Почина познатиот светски комичар
Глумецот и сценски комичар Гилберт Готфрид почина на 67-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство.
„Со скршено срце објавуваме дека нашиот сакан Гилберт Готфрид почина по долго боледување. Покрај тоа што беше најпознатиот глас во комедијата, Гилберт беше и прекрасен сопруг, брат, пријател и татко на две мали деца. Иако денес е тажен ден за сите нас, Ве замолуваме, продолжете да се смеете што е можно погласно во чест на Гилберт“, напишаа блиските на Твитер.
Готфрид беше мжеби најпознат по неговите настапи на „Саботното вечерно шоу во живо“ (Saturday Night Live), како и позајмувањето на својот глас за „Аладин“ на „Дизни“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа