Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари за извршување на две тешки кривични дела:
- Полов напад и силување (член 186, став 7, 3 и 1 од Кривичниот законик).
- Уцена (член 259, став 1 од Кривичниот законик).
Обвинетиот, спротивно на волјата на оштетената, ја принудил да влезе во изнајмен апартман. Со примена на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, извршил полово дејствие.
Ѝ се заканил со нож дека ќе ја заколе, притоа нанесувајќи ѝ повреди со ножот на левата нога и слабината.
Обвинетиот се јавувал кај својата сопруга и други лица, на кои им кажувал дека ќе ја заколе жртвата додека го држел ножот под нејзиното грло.
Целиот настан, вклучувајќи го и принудувањето на жртвата на други полови дејствија, го снимил со мобилниот телефон.
Два дена по нападот, обвинетиот телефонски ѝ се заканил на жртвата со намера да прибави противправна имотна корист.
Барал жртвата да му даде 2.500 евра.
Се заканил дека видео клипот на кој таа го задоволува ќе го објави на социјалните мрежи и на нејзини пријатели.
Жртвата го пријавила случајот, по што било организирано примопредавање на обележани банкноти. Обвинетиот бил уапсен веднаш откако ги презел парите.
Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерката притвор, поради опасноста од бегство и можноста обвинетиот да го повтори делото.

