Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил

    ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил

    13.12.2025 во 11:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оливер Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Спасовски не ги презел мерките што бил должен да ги преземе, и поради ваква негрижа Македонија денес се соочува со последици кои никогаш не смееле да се случат.

    За станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но Спасовски не го одзел нејзиното овластување навремено.

    Наместо да реагира во предвидениот законски рок, тој чекал цели три месеци со што и овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони денари.

    Уште потрагично е што екс министерот Спасовски постапил 3 дена по трагедијата во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица а автобусот на Беса Транс вклучен во несреќата, го имал техничкиот преглед токму во оваа станица во Сарај.

    Дали трагедијата ќе можела да се спречи доколку Спасовски реагирал на време?

    Дали Спасовски имал некаков договор со фирмата поради што ја игнорирал законската постапка?

    Дали Спасовски чувствувал вина за несреќата па по три дена ја одзел лиценцата?

    Вакви тешки институционални пропусти не смеат да се повторуваат.

    Јавноста мора да знае кој стоел на позицијата задолжена да ја гарантира безбедноста на граѓаните, а тоа не го правел.

    Правда и одговорност мора да има!“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.