Close Menu
Press24
    Најново

    Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство

    29.10.2026 во 13:38

    Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка

    29.10.2026 во 13:34

    Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?

    29.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обдукцијата заврши: Жената во гостиварско била застрелана пред да биде закопана, истрагата проширена на сопругата на осомничениот

    Обдукцијата заврши: Жената во гостиварско била застрелана пред да биде закопана, истрагата проширена на сопругата на осомничениот

    13.12.2025 во 11:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното обвинителство соопшти дека е завршена обдукцијата на 53-годишната жена, Х.А., чие тело беше пронајдено закопано во атарот на гостиварското село Неготино. Првичниот наод потврдува дека жртвата била убиена со огнено оружје.

    Истрагата за случајот е проширена и интензивирана, при што се преземаат следните чекори:

    Во тек е вештачење на трагите подигнати од неколку локации.

    Паралелно се вршат претреси и други истражни дејствија.

    Краткотрајниот притвор за главниот осомничен, С.М. (53) од истото село, е продолжен за уште 48 часа.

    Јавниот обвинител до надлежниот суд предложил определување 48-часовен притвор и за сопругата на осомничениот, којашто вчера беше задржана во полициска станица.

    Жртвата Х.А. беше пријавена за исчезната од нејзиниот син на 9 декември.

    Жртвата последен пат била видена како влегува во патничко возило „фиат“, по што нејзиниот телефон станал недостапен.

    Синот на жртвата забележал на камерите дека ноќта помеѓу 6 и 7 декември осомничениот С.М. влегол во неговата куќа и одзел пари.

    С.М. бил приведен пред два дена под сомнеж дека ја принудил жртвата да замине, но дал лажен исказ. Листингот на повици покажал дека последен пат контактирал со жртвата на 7 декември.

    Сопругата на осомничениот била приведена завчера и таа, според МВР, признала дека нејзиниот сопруг ја убил Х.А. со пиштол, а потоа го посочила и местото каде што телото било закопано.

    Јавното обвинителство наведува дека истрагата продолжува со цел целосно расветлување на настанот.

    Прочитај повеќе

    Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство

    29.10.2026 во 13:38

    Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка

    29.10.2026 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.