Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил

    13.12.2025 во 11:15

    Македонија се разбуди со минусни температури: УХМР соопшти каде е најстудено

    13.12.2025 во 10:58

    Катица Јанева излезе од затвор

    13.12.2025 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил
    • Македонија се разбуди со минусни температури: УХМР соопшти каде е најстудено
    • Катица Јанева излезе од затвор
    • Денеска е Свети апостол Андреј – еве што велат обичаите
    • Дневен хороскоп: Близнаците ќе откријат информација која ќе им го смени планот, Ракот ќе расчисти нешто што го мачи
    • СДСМ: Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти
    • Времето денеска сончево и топло со температура над просекот
    • Руте: Русија нема да ги нападне Еврипа и НАТО
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил

    ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил

    13.12.2025 во 11:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Оливер Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Спасовски не ги презел мерките што бил должен да ги преземе, и поради ваква негрижа Македонија денес се соочува со последици кои никогаш не смееле да се случат.

    За станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но Спасовски не го одзел нејзиното овластување навремено.

    Наместо да реагира во предвидениот законски рок, тој чекал цели три месеци со што и овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони денари.

    Уште потрагично е што екс министерот Спасовски постапил 3 дена по трагедијата во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица а автобусот на Беса Транс вклучен во несреќата, го имал техничкиот преглед токму во оваа станица во Сарај.

    Дали трагедијата ќе можела да се спречи доколку Спасовски реагирал на време?

    Дали Спасовски имал некаков договор со фирмата поради што ја игнорирал законската постапка?

    Дали Спасовски чувствувал вина за несреќата па по три дена ја одзел лиценцата?

    Вакви тешки институционални пропусти не смеат да се повторуваат.

    Јавноста мора да знае кој стоел на позицијата задолжена да ја гарантира безбедноста на граѓаните, а тоа не го правел.

    Правда и одговорност мора да има!“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    (ВИДЕО) Напад во Црното Море: Турски патнички и товарен брод погоден од ракета „Искандер“ во пристаништето Одеса

    12.12.2025 во 19:28

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    11.12.2025 во 09:11

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39

    Хорор во регионот: Палета тешка повеќе од еден тон уби маж

    12.12.2025 во 19:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.