Не е точно дека не сум се согласил со премиерот за хибридни напади изјави вечерва за тв Сител во „Тема на денот“, откако неколку дена во неговите изјави имаше различно мислење од тврдењето на премиерот дека нè напаѓаат домашни и странски центри.
Земјата според него се соочува со серија големи пожари на депонии,складишта со опасен отпад и голем пожар на автомеханичарска работилница се „мулти странични напади“
„Не сум имал несогласување со премиерот за ‘хибридни напади’ како што медиумите известуваа“, рече Тошковски.
Прашан дали тие како што ги вели странични напади се од домашни или од странски центри и ако ги има од која земја се Тошковски одговори дека не би можел во интерес на истрагата да коментира.
Тошковски рече дека тој говори само за факти, според неговите факти на неколку места во ист ден имало ризични пожари и во исто време гореле 3 депонии и фабрика за рециклирање на електронски отпад. Механизацијата на една од овие точки во тој момент не работела, а оние кои требало да опсервираат од некоја причина не биле на работа, а столбовите на кои имало средства за набљудување биле случајно „бутнати“.
Тој додаде дека ова се премногу случајности за да бидеме убедени дека сето ова не е со намера.