Татко на малолетни деца: Mе избркаа од работа затоа што напишав статус против власта

Струмичанецот Кире Михаилов се обрати пред насобраните луѓе на протестот против политичкиот реваншизам на власта предводена од Зоран Заев при што истакна дека ширум Македонија се исполнуваат изјавите на сопартијците на Заев дека „ќе јаделе живи луѓе“ и дека „ќе бркаат од чистачка до министер“.

„Драги сограѓани, соборци и добронамерници, но пред се Македонци. Јас сум Кире Михаилов од Струмица, еден во низата луѓе неистомисленици на оваа власт, кој поради тоа не најдовме на улица. Се сеќавате на Валандово и изјавата дека од чистачка до министер ќе не избркаат сите? Се сеќавате на изјавата дека живи луѓе ќе јаделе? Е токму тоа ни се случува, секојдневно во секоја институција, на секое поле ни се случува“ рече во своето обраќање на протестот, Кире Михаилов.

-Работев во ЈП Македонски Шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија. Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради еден фејсбук пост, и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос, за жал тоа е реалноста во Македонија. За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа ? Ова не е демократија, овде нема ниту слобода на говор, овде нема ниту човечност. Овде има реваншизми и терор. Ова што ми се случува мене е прогон врз мојата фамилија и лично врз мене затоа што не се согласувам со погубните политики на СДСМ и еве јавно како и до сега повторно ќе кажам дека не знаат што прават, и дека не само што е лошо, никогаш не било полошо. Ова се случува со секој еден кој што ќе се спротивстави на оваа власт на било кој начин, и ова го прават затоа што се плашат и на овој начин мислат дека ќе не скршат, но се лажат, ниту ќе не скршат, ниту ќе не предомислат, само ќе не мотивираат. Заев сака да се откажеме и да избегаме од државата, сите ние кои не се согласуваме и се спротивставуваме на неговите погубни политики за да може да го тероризира секој еден. Но тоа нема да се случи. Јас лично ќе се борам за Македонија затоа што сум Македонец и затоа што си ја сакам Република Македонија. Јас сум од Струмица и живеам во Струмица можам да ви кажам и гарантирам дека во Струмица со Заеви нема живот. Нема, затоа што цела Струмица е окупирана од нив. Никој не може да тргне на работа ако нема амин од Заеви, никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси. Тоа е реалноста во Струмица, тоа е реалноста која ја преточија низ цела Република Македонија. На ова насилие, раваншизам и терор мора да му се стави крај. И ќе му ставиме крај. Затоа, одовде и сега јасно и гласно да им порачаме на Зоран Заев и неговите послушници дека ќе не гледаат овде и секаде, сега и секогаш кога ќе биде потребно затоа што Македонија која  ним не им значи ништо, таа нам ни е сѐ, истакна Михаилов.

Ќе не гледаат додека не го го потрошиме и последниот атом од нас, затоа што Македонија ни е аманет на нас, затоа што Македонија ќе биде аманетот од нас. За крај да сте ми живи, здрави и долговечни, да ни е вечна организацијата, да ни е вечна и вековита Република Македонија! Додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега