Таравари: Доближувањето до власта е наш обид за акцелелирање да се стигне до 80 пратеници и ништо повеќе

Периодот во кој се наоѓаме како држава е малку поинаков од оној што беше пред февруари во 2022 година. Инвазијата на Русија во Украина смени многу работи, а плус почетокот на процесот на скрининг на Македонија, заедно со Албанија, веќе нè доведува до ситуација во која не треба да се размисли само за рејтингот на партијата, туку и за доброто на обичниот граѓанин и на општеството, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Свесни дека ова доближување со власта, односно сите партии кои се дел од владата, подразбира наш обид за акцелелирање да се стигне до 80 пратеници и ништо повеќе. Ние го кажавме ова и на почеток од разговорите со партиите од власта дека тука сме и од опозиција да изгласаме“, кажа Таравари.

Секојдневните појавувања на ВМРО-ДПМНЕ против него и Алијансата за Албанците, како што нагласи Таравари, изгледале хистерично.

02.02.2023 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега