Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Талески: Оптимизацијата на ВМРО значи затворање училишта, отпуштања наставници и нови тендери

    Талески: Оптимизацијата на ВМРО значи затворање училишта, отпуштања наставници и нови тендери

    26.06.2026 во 17:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во собраниската расправа за измените на законите за образование порача дека Владата ја претставува „оптимизацијата“ како реформа, а всушност носи неизвесност, страв и сериозни последици за учениците, наставниците и руралните средини.

    Талески директно ја обвини министерката за образование Јаневска дека избегнува да ја брани законската измена пред пратениците.


    „Дотичната министерка за образование не е присутна и ја нема тука да се соочи со аргументите на народните избраници. Самиот факт што на овој предлог-закон се потпишани само пет пратеници покажува дека самата министерка бега од оваа работа и ја префрла на пратениците во Собранието.“ рече Талески.


    Талески потенцираше дека ова не е реформа, туку процес што создава страв кај сите засегнати.


    „Она коешто денес го гледаат наставниците, родителите и учениците не е реформа. Тоа е неизвесност. Тоа е страв. Тоа е чувство дека повторно некој зад затворени врати носи одлуки кои ќе имаат далекусежни последици за иднината на образованието.“


    Пратеникот Талески предупреди дека наместо транспарентен процес и јавна дебата, Владата нуди импровизација и носи мерки што ќе значат затворање на училишта и отпуштања.


    „Она што денес им се нуди на граѓаните е сурова реалност – укинување на паралелки, затворање на училишта, намалување на фондот на часови и огромен ризик голем број наставници да останат без работа.“


    Особено, како што истакна, на удар ќе бидат помалите населени места.


    „Најголемиот удар ќе го почувствуваат помалите населени места и руралните средини. Наместо да ги зајакнувате овие средини и да создавате услови младите да останат таму, вие практично им порачувате дека нивните деца ќе мора да го напуштат сопственото место на живеење за да можат да посетуваат настава во друго место.“


    Талески отвори и сомнеж дека зад најавената оптимизација се кријат нови бизнис интереси преку организираниот превоз на ученици.


    „Јавноста со право поставува едно многу сериозно прашање. Дали зад оваа оптимизација се создава простор за нови милионски тендери за превоз на ученици? Кој ќе го организира превозот? Колку ќе чини самиот превоз? Кои компании ќе ги добиваат тие договори и дали наместо да инвестирате во опстанок на училиштата ќе инвестирате во нови бизниси на товар на граѓаните?“


    Тој нагласи дека наставниците не смеат да бидат третирани како статистика.


    „Наставниците не се бројки на табели. Зад секој наставник стои едно семејство, една професионална кариера и човечко достоинство. Денес илјадници наставници живеат во страв и неизвесност.“


    Талески оцени дека Владата нема никакви анализи и одговори на клучните прашања поврзани со последиците од законот.


    На крајот, Талески повика Владата да го повлече законот и предупреди дека затворањето на училиште значи уништување на иднината на целите заедници.


    „Повлечете го овој предлог-закон. Ова е катастрофа којашто ја правите во образовниот систем… Кога ќе затворите едно училиште, имајте на ум дека не затворате само една зграда, затворате дел од иднината на една заедница, на едно населено место, на едно село, на еден град и на една држава.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.