Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Талент, музика и емоции: Вечерва концертот „Младите доаѓаат“

    Талент, музика и емоции: Вечерва концертот „Младите доаѓаат“

    04.06.2026 во 08:182 Mins Read
    Македонска филхармонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Под диригентската палка на Бисера Чадловска, денеска ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“, на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта од земјава.

    Публиката ќе има можност да ужива во изведби на дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде, интерпретирани од млади музички таленти кои веќе бележат значајни успеси во своето образование.

    На концертот ќе настапат ученици од Државното музичко училиште во Битола, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје и ДМУЦ Штип, кои ќе се претстават со изведби на пијано, виолончело, саксофон, контрабас и соло пеење.

    Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), Ива Амелија Микулчиќ – пијано ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (V одд. во класата на проф. Билјана П. Таковска) Јана Јованова – пијано ДМУЦ Штип, Ева Малиновска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Маре Видевска), Јована Јанкуловска и Деница Дена Симјаноска – соло пеење ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје  (II и IV година во класите на: м-р Наташа Еленова и м-р Гонца Богоромова Краповски), Ада Богоевска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Александра Јаневска), Леонид Ржаникоски – саксофон ДМУ Битола (III година во класата на проф. Горан Трајковски),  Матеј Зимбаков – контрабас ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Дејан Митровиќ), Александар Ицковски – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (IV година во класата на проф. Александра Јаневска) и Стефан Трајановски – саксофон ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Владимир Трајановски). 

    Концертот „Младите доаѓаат“ традиционално претставува можност за афирмација на новите генерации музичари и нивно претставување пред пошироката културна јавност.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.