Музичката сцена во Романија и регионот е завиена во црно по веста за прераната смрт на познатата реперка Чика Кон Кана, чие вистинско име е Џанина Георгија. Таа почина на само 37-годишна возраст, оставајќи ги своите фанови и колеги во неверување.
Веста за нејзиното заминување ја потврдија нејзините најблиски, а социјалните мрежи се преплавени со тажни пораки. Нејзината блиска пријателка и соработничка, Дана Маријуана, се збогуваше со емотивни зборови, истакнувајќи дека Џанина поседувала еден од најдобрите женски вокали во романскиот рап, но и дека во себе носела тежок товар.
„Беше неверојатно талентирана и силна личност, но се бореше со своите демони. Планиравме нови песни заедно, но судбината сакаше поинаку“, напиша Маријуана, алудирајќи на проблемите со алкохолот кои ги имала пејачката.

