СЗО: Луѓето се најзаразни во моментот кога се чувствуваат лошо

Студиите покажуваат дека луѓето кои се позитивни на коронавирус се најзаразни во моментот кога првпат почнуваат да се чувствуваат лошо, објавија експертите на СЗО.

Токму поради тоа што луѓето, според тоа, најзаразни пред првите симптони, тешко може да се контролира вирусот кој предизвикува ковид-19, но може да се спречи ширењето со ригорозно тестирање и физичка дистанца, рекоа тие.

„Од многу ограничените информации кои сега ги имаме, се чини дека луѓето имаат најголемо количество вирус во телото кратко пред избивањето на симптомите или кога ќе почнат да ги развиваат“, рече Марија ван Керкхове, епидемиолог на СЗО.

Прелиминарните студии спроведени во Германија и во САД покажуваат дека луѓето со благи симптоми може да бидат заразни осум до девет дена, а оние со потешки симптоми и уште повеќе, додаде таа.

Некои експерти ја доведоа во прашање нејзината вчерашна изјава дека луѓето кои немаат симптоми на коронавирус „многу ретко“ може да заразат други, велејќи дека таквите насоки би можеле да бидат проблематични.

Ван Керкхове денеска појасни дека некои луѓе не развиваат симптоми, но сепак може да заразат други.

„Некои модели говорат дека околу 40 отсто од преносот може да биде кај асимптоматски случаи, но тоа се модели на пресметување. Поради тоа не во вчерашниот одговор не го вклучив тоа па сега сакам да бидам појасна“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега