Свлечишта на патиштата, распукани куќи - првични штети од земјотресот во Црна Гора
Претседателот на месната заедница Крстач, Драгољуб Манојловиќ за „Вијести“ изјави дека во Голија, каде што бил епицентарот на земјотресот, кај селото Чараѓе, е причинета поголема материјална штета.
„Луѓето пријавуваат распукани куќи и плевни, оштетени се многу покриви. На патот Никшиќ – Крстац има неколку одрони“изјави Манојловиќ.
Поради свлечиштето, кое беше предизвикано од земјотресот, патот кон граничниот премин беше затворен за сообраќај до раните утрински часови. Мештаните го расчистија патот за да може да помине полицијата. Одрони имаше и на неколку делници од локалниот пат во Голија.
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе територијата на Црна Гора утрово во четири часот, а тресењето на земјата е почувствувано и во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа