Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Нови задолжувања наместо повисоки плати и пензии
    • ФОТО: „Летал“ со 188 на час на автопат – Македонската полиција го фатила со пресретнувач
    • „Прават ѕвезда од неа, Мицкоски ја нападна Бугарија за Ива Михаилова, ” – Што пишуваат бугарските медиуми
    • Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години
    • Утрово мраз во делови од Македонија – УХМР ги измери температурите
    • Македонската индустрија во плус: Каде е остварен најголемиот раст?
    • Охридското Езеро добива нова генерација пастрмка – Серафимовски ќе учествува во акцијата
    • Светскиот ден на храната во знакот на едукацијата за правилен избор и безбедност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светски експерти за религија и мир во Скопје – Четврта светска конференција за религиски дијалог и соработка

    Светски експерти за религија и мир во Скопје – Четврта светска конференција за религиски дијалог и соработка

    22.06.2026 во 08:37Updated:22.06.2026 во 09:002 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје од денеска до 26 јуни е домаќин на Четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка, која годинава се одржува под тема „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“. Конференцијата е во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

    Свеченото отворање ќе се одржи вечерва во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, каде ќе се обратат државната секретарка во Министерството за култура и туризам Марија Станчевска Ѓоргова, деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Оливер Бакрески, раководителот на Центарот за интеркултурни студии и истражувања проф. д-р Ратко Дуев, проф. д-р Масимо Интровиње од Италија и неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.

    Организаторите посочуваат дека конференцијата е една од позначајните меѓународни научни платформи посветени на религискиот дијалог, мирот, толеранцијата и соработката меѓу различните културни и верски традиции.

    Во рамки на настанот ќе се одржат пленарни предавања, тематски сесии и дискусии за религијата и современите конфликти, религискиот национализам, миротворството, меѓурелигискиот дијалог, човековите права, културната дипломатија и улогата на религијата во современото општество.

    На конференцијата ќе учествуваат 79 професори, научници, истражувачи, верски претставници и дипломати од повеќе земји. Организаторите наведуваат дека на претходните изданија од 2019 до 2025 година учествувале 424 учесници од 48 држави, со што иницијативата се позиционирала како важна платформа за меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог во регионот.

    Меѓу позначајните учесници се проф. Масимо Интровиње од Италија, основач и директор на Центарот за проучување на нови религии (CESNUR), проф. Пабло Аргарате од Австрија, носител на УНЕСКО катедрата за интеркултурен и меѓурелигиски дијалог за Југоисточна Европа, проф. Џејмс Кеј од САД, поранешен декан и потпретседател на Princeton Theological Seminary, како и други научници од Европа, Азија, Америка и Блискиот Исток.

    Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филозофскиот факултет, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Општина Тетово и други институционални партнери.

    Just In
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Нови задолжувања наместо повисоки плати и пензии

    16.10.2026 во 08:48

    ФОТО: „Летал“ со 188 на час на автопат – Македонската полиција го фатила со пресретнувач

    16.10.2026 во 08:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.