Светот полека се враќа во нормала по големиот технолошки проблем

 

Бизнисите и услугите ширум светот полека закрепнуваат по огромниот прекин на технологијата што со часови ги погоди компјутерските системи.

Бизнисите, банките, болниците и авиокомпаниите беа меѓу најтешко погодените откако фирмата за сајбер безбедност Crowdstrike објави погрешно ажурирање на софтверот што влијаеше на Microsoft Windows.

Извршниот директор на Crwvdstrike се извини за прекинот и рече дека е издадена поправка, но призна дека би можело да помине „некое време“ пред сите системи повторно да бидат активирани и да работат. Додека некои авиокомпании почнуваат да се враќаат во нормала откако илјадници летови беа откажани, операторите очекуваат одредени одложувања и откажувања да продолжат и во текот на викендот.

Многу бизниси сега се справуваат со заостанати и пропуштени нарачки кои може да потраат неколку дена за да се решат. Проблеми имаа и здравствените служби во Велика Британија, Израел и Германија, а некои операции беа откажани.

Глобалниот хаос предизвика загриженост за ранливоста на меѓусебно поврзаните технологии во светот и степенот до кој еден софтверски дефект може да има толку широко распространето влијание.

Проблемот започна во четвртокот во 19 часот и ги погоди корисниците на Windows кои го користат софтверот за сајбер безбедност CrowdStrike Falcon, според Мајкрософт.

Извршниот директор на Crowdstrike, Џорџ Курц, изјави на платформата X дека пропустот е пронајден „во едно ажурирање на содржината за хостовите на Windows“.

– Длабоко ни е жал за влијанието што го предизвикавме на клиентите, на патниците, на сите погодени од ова, вклучително и на нашата компанија – рече тој за мрежата NBC.

– Многу корисници го рестартираат системот и тој ќе биде оперативен – рече тој.

Исто така, технолошките експерти велат дека поправката на Crowdstrike ќе треба да се примени посебно на секој погоден уред.

Сега, веројатно ќе се покренат прашања за влијанието на Crowdstrike како еден од најголемите оператори на пазарот за сајбер безбедност и мудроста да се има таков клучен дел од индустријата контролиран од само мал број компании, пишува BBC.

Акциите на компанијата паднаа за околу 12 отсто, на сметка на конкурентите SentinelOne и Palo Alto Networks.

 
20.07.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа