Close Menu
Press24
    Најново

    Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар

    17.11.2026 во 18:26

    Затворен Кримскиот мост по украински ракетен напад со „Фламинго“ – пријавени се сериозни оштетувања

    17.11.2026 во 18:10

    Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми се пожали дека му барале 500 евра, го упатив да пријави

    17.11.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар
    • Затворен Кримскиот мост по украински ракетен напад со „Фламинго“ – пријавени се сериозни оштетувања
    • Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми се пожали дека му барале 500 евра, го упатив да пријави
    • Седумнаесет загинати во пад на руски воен транспортен авион во Сибир
    • „Децата врескаа, настана целосен хаос“: Учениците оделе во кино кога се случила несреќата со ескалаторот
    • Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди
    • Министерот Клековски назначи нови директори на три клиники
    • Морничаво откритие во Струмица: Копал во дворот и пронашол коски што наликуваат на човечки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Свети Захариј, таткото на Свети Јован Крстител: Ангел му ја најавил радосната вест

    Свети Захариј, таткото на Свети Јован Крстител: Ангел му ја најавил радосната вест

    18.09.2026 во 10:21Updated:18.09.2026 во 11:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Свети Захариј бил татко на Свети Јован Крстител. Потекнувал од родот на Авиј и бил свештеник во Ерусалимскиот храм, каде што ја извршувал осмата свештеничка чреда. Неговата сопруга Елисавета била од благочестив род и, според преданието, била роднина на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица.

    Во времето на царот Ирод, Захариј еден ден служел во храмот. Додека бил во олтарот, му се јавил ангел Божји. Захариј се исплашил, но ангелот му рекол да не се плаши и му ја соопштил радосната вест дека неговата сопруга Елисавета ќе роди син.

    Иако двајцата биле во поодмината возраст, ангелот му кажал дека нивните молитви се услишани и дека синот ќе го носи името Јован. Захариј се посомневал во кажаното, по што ангелот му се претставил како Гавриил, кој стои пред Бога.

    Како знак за она што ќе се случи, Захариј онемел и не можел да зборува сè до раѓањето на детето. Кога се родил Јован, на табличка напишал: „Јован му е името“. Во истиот момент повторно му се отворила устата и тој почнал да Го слави Бога.

    Подоцна, по раѓањето на Исус Христос, царот Ирод наредил да се погубат младенците во Витлеем. Според христијанското предание, Ирод дознал и за раѓањето на Јован и испратил војници да го пронајдат.

    Елисавета, за да го спаси детето, го зела Јован и побегнала во пустината. Кога видела дека војниците ја следат, според преданието, се помолила на Бога и карпата се отворила, сокривајќи ги неа и детето.

    Разлутен што Јован не бил пронајден, Ирод наредил да биде убиен и Захариј. Според житието, Захариј бил погубен пред олтарот во храмот.

    Четириесет дена по смртта на Захариј, се упокоила и Елисавета. Малиот Јован останал сам во пустината, каде што, според преданието, бил хранет и чуван со Божја промисла сè до времето кога требало да се појави како Христов Претеча и да го подготви народот за доаѓањето на Спасителот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар

    17.11.2026 во 18:26

    Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми се пожали дека му барале 500 евра, го упатив да пријави

    17.11.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.