На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“, што започна од почеток поради промена на поротник, сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија. Таа опиша како добила доза лек надвор од стандардната евиденција.

Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, поранешниот медицински директор, д-р Нино Васев (првообвинет во овој случај), ѝ соопштил дека лекот е во недостиг.

„…Др-Нино ми објасни дека во моментов се дефицитарни со лекот, имаат сочувано уште три шишенца и дека поради тоа што сум помлада, поголема ефективност има лекот кај мене, ’еден ќе ти го дадам’, меѓутоа нема да се запише во регистарот дека сум го примила лекот“, сведочеше пациентката.

Сведокот нагласи дека лекот ѝ бил аплициран неформално, без потребниот дневeн упат и потписи, што ѝ оставило дилема зошто не била запишана терапијата. Таа сама се пријавила како сведок поради граѓанска одговорност.

Одбраната на обвинетиот Васев, кој со економскиот директор Нехад Нухи се товари за проневера од 36 милиони евра, побара од Обвинителството да се ограничи на наводниот финансиски криминал, а не на начинот на лекување.

Exit mobile version