На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80-годишнината од објавувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески.
На настанот ќе се обратат деканот на факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска – Димкова. Пригодни обраќања ќе имаат и проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска.


