Сугарески: Филипче нема да даде остaвка и да ги остави граѓаните и државата на цедило

Поранешниот министер за транспорт и врска, Горан Сугаревски на Фејсбук застана во одбрана на министерот за здравство, Венко Филипче од кого опозицијата бара оставка поради зголемениот број на новозаразени и починати од коронавирус во земјава.

-Никако не ми е јасно ова секојдневново барање Министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемијата. Аман бре луѓе. Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило, напиша Сугаревски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега