Close Menu
Press24
    Најново

    Пред пратениците 224 амандмани – Продолжува битката за ребалансот на Буџетот

    10.07.2026 во 08:05

    Комеморативен настан во Собранието по повод 11 Јули – Денот на сеќавање на Сребреница

    10.07.2026 во 08:02

    Викенд временска прогноза: Искористете ја саботата – Во недела лош пресврт со времето

    10.07.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пред пратениците 224 амандмани – Продолжува битката за ребалансот на Буџетот
    • Комеморативен настан во Собранието по повод 11 Јули – Денот на сеќавање на Сребреница
    • Викенд временска прогноза: Искористете ја саботата – Во недела лош пресврт со времето
    • Реченици што секое дете треба да ги чуе пред да наполни 10 години
    • Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето 
    • Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди
    • Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси
    • Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судски процес за „Пулс“: Поранешниот секретар на Кочани тврди дека немало раководител на инспекциските служби

    Судски процес за „Пулс“: Поранешниот секретар на Кочани тврди дека немало раководител на инспекциските служби

    20.04.2026 во 14:551 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со сведочењето на Александар Јосифов, кој во периодот од 2017 до 2021 година ја извршувал функцијата главен секретар на Општина Кочани, денеска во „Идризово“ продолжи судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Јосифов пред судот говореше за начинот на функционирање на општинската администрација и инспекциските служби во критичниот период.

    Клучен момент во неговото сведочење беше тврдењето дека во тој временски интервал, иако во општината дејствувале три инспекциски служби – комунална, за животна средина и градежен инспекторат, не постоела позиција раководител на инспекциските служби.

    Сведокот појасни дека неговата улога како секретар била организациска и логистичка, како што е одобрувањето налози за користење на службени возила, но не и директна контрола врз работата на инспекторите. Според Јосифов, инспекторите самостојно ги изработувале своите планови и извештаи, кои потоа ги доставувале до градоначалникот.

    „Комуникацијата со инспекторатите постоеше, но исклучиво како помош – на пример, обезбедување механизација за уривање, а не како контрола“, истакна Јосифов.

    Тој додаде дека до 2019 година инспекциите доставувале извештаи до Советот, по што таа пракса престанала поради законски измени. Исто така, сведокот негираше дека до општината пристигнала каква било пријава за работата на дискотеката „Пулс“, ниту барање за пренамена или реновирање на објектот од страна на правниот субјект.

    Прочитај повеќе

    Пред пратениците 224 амандмани – Продолжува битката за ребалансот на Буџетот

    10.07.2026 во 08:05

    Комеморативен настан во Собранието по повод 11 Јули – Денот на сеќавање на Сребреница

    10.07.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.