Тројца од обвинетите во случајот со незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи признале вина и добиле затворски казни, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје.
Станува збор за предмет во кој се обвинети шест лица, од кои тројца во моментов се недостапни за органите на прогонот. На последното рочиште, тројцата обвинети кои биле присутни во судот ја признале вината, по што судот изрече пресуди. Првообвинетата е осудена на две години и шест месеци затвор, додека второобвинетиот и третообвинетиот добиле по една година и три месеци затвор.
Случајот следува по истрага отворена од Внатрешната контрола на МВР, спроведена пред околу десетина дена, при која било утврдено сомнение дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории C и D во возачките дозволи на лица кои немале положено соодветен испит за управување со камиони или автобуси. По откривањето на аферата, беа преземени дополнителни проверки за утврдување на бројот на опфатени службеници и спорни документи.


