Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за трагедијата во Кочани продолжува: Вештаци од Градежен пред судот

    Судењето за трагедијата во Кочани продолжува: Вештаци од Градежен пред судот

    02.09.2026 во 07:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во судницата во Идризово, при Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    На денешното рочиште треба да биде изведено градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, по што ќе бидат сослушани и вештите лица кои го изработиле. Со тоа, како што е најавено, треба да заврши изведувањето на доказите од страна на Обвинителството, по што одбраната ќе започне со изведување свои докази.

    На претходното рочиште, вештакот и професор Горан Марковски, одговарајќи на прашањата на обвинетите, посочи дека пренамената и реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и канализациската инсталација, како и вградувањето несоодветни материјали, непосредно влијаеле врз исполнувањето на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“.

    Марковски истакна дека, согласно Законот за градење, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година, кога за првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор на веќе опожарениот објект.

    Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.