Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. Обвинети се поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи.

Васев и Нухи се товарат дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови и ги прикривале преку фиктивни тендери, присвојувајќи дел од терапијата.

Според Обвинителството, со овие дејствија државниот буџет е оштетен за речиси 36 милиони евра.

Бранителот на Васев денеска додаде дека дејствијата на обвинетиот не се кривични дела, туку административни постапки за кои биле задолжени други работници. Обвинетите ја негираат вината, тврдејќи дека обвинението е неосновано и политички монтирано.

На денешното рочиште, странките ги повторија воведните зборови и се согласија досегашните искази на сведоците да бидат прочитани, по што процесот продолжи со сослушување нови сведоци.

Против Нино Васев и уште двајца лекари се води и посебен процес, „Онкологија 1“, за несовесно лекување пациенти.

Exit mobile version