Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Пулс“: Одбраната на вработените во Министерството за економија тврди – „Вршевме само административна, а не инспекциска проверка“

    Судење за „Пулс“: Одбраната на вработените во Министерството за економија тврди – „Вршевме само административна, а не инспекциска проверка“

    11.12.2025 во 12:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжи денеска со воведни зборови на одбраната на обвинетите од Министерството за економија (МЕ). Обвинетите државни службеници тврдат дека нивната улога се сведувала само на службена, административна проверка на документацијата за лиценци, без никаква надлежност да предизвикаат или придонесат кон пожарот од 16 март 2025 година.

    Адвокатите нагласија дека обвинетите „ниту им било обврска, ниту надлежност по закон да вршат проверка на било какви услови“ и немале можност да ја проверуваат точноста на документите, бидејќи работеле со документација заверена и потпишана од други институции.

    Адвокатот Петре Шилегов, бранител на поранешниот државен советник Шефкет Хазари, го оцени обвинението како „правно неосновано, нелогично конструирано“ и изјави дека тоа „не заслужува да носи име обвинителен акт“.

    „Долго размислував дали да одиме со читање на кривичните дела… за жал тоа ќе морам да го сторам, бидејќи правно по аналфабетски памфлет немам видено“, рече Шилегов.

    Шилегов ја оцени како апсурдна тезата дека Хазари, кој работел во МЕ од 2005 до 2020 година, во периодот од 2013 до 2019 година се согласил дека во 2025 година ќе настане пожар во Кочани.

    Хазари само ја проверувал согласноста за издавање на лиценците во периодот од 2013 до 2018 година.

    Шилегов нагласи дека кривичното дело „Предизвикува општа опасност“ е непосредно и моментално дело, а обвинението е апсурдно поради примена на т.н. теорија на каузалитет и тврдењето дека 34 обвинети се договориле свесно да ја запалат дискотеката.

    Адвокатот Еленко Миланов, бранител на Зоран Николовски, посочи на нерамноправност пред законот.

    Николовски е обвинет за лиценци издадени во 2012 и 2013 година, иако во вториот случај постапил по право и лиценцата престанала да важи по една година. Миланов нагласи дека Лилјана Илиевска, која ја контролирала истата лиценца од 2013 година како Николовски, добила наредба за запирање на истрагата поради немање елементи на дело, додека Николовски добил обвинителен акт.

    „За исто постапување, во ист временски период. Едно лице добива наредба за запирање на постапката… и Зоран Николовски добива обвинителен акт. Колку што ми е познато, тоа е факт, дека сите граѓани се еднакви пред законот. И каква е таа еднаквост, со вакви две дијаметрално спротивни одлуки“, изјави Миланов.

    Одбраната на Беким Хаџиу и Арлинда Касапи, исто така вработени во МЕ, изјави дека товарот на трагедијата не смее неправедно да падне врз административни службеници чии надлежности не биле да проверуваат хидранти, инсталации и излези, туку само да постапуваат со заверена документација.

    Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, како резултат на системска негрижа и институционални пропусти.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.