Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри
    • Јаневска утре на Машинскиот факултет ќе присуствува на Европската ноќ на истражувачите
    • Мицкоски со македонската делегација во Њујорк: Одбележана 25-годишнината од нападите на 11 септември
    • Серафимовски: Реализирани 90 отсто од субвенциите, исплатени 6,5 милијарди денари
    • Божиновска: Одземени над 40 концесии за минерални суровини, ќе се проверува случајот со варовникот во Студеничани
    • Ристески: Мерката за намален ДДВ на горивата им заштедува на граѓаните до 350 илјади евра дневно
    • Златеска: Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со светската криза
    • СДСМ: Приватна компанија плаќа лобирање за премиерот, нема одговор за документите од САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ најавува „Месеци на практикантство“ во општините: Создаваме услови младите да останат и работат тука

    ВМРО-ДПМНЕ најавува „Месеци на практикантство“ во општините: Создаваме услови младите да останат и работат тука

    06.07.2026 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека додека СДС  со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија.

    -Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока. Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување. Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем. Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор. Владата на ВМРО-ДПМНЕ  создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули.

    -Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине, велат тие.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Јаневска утре на Машинскиот факултет ќе присуствува на Европската ноќ на истражувачите

    24.09.2026 во 17:53

    Мицкоски со македонската делегација во Њујорк: Одбележана 25-годишнината од нападите на 11 септември

    24.09.2026 во 17:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.