Најниска температура утрово е измерена во Берово, -6 степени Минусни температури се забележани и на Попова Шапка, Лазарополе, Mаврови Анови и во Битола -3, -2 степена во Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Претор и Гевгелија.
Според УХМР, 0 степени утрово се измерени во Прилеп, Скопје – Петровец, Тетово, Демир Капија, Охрид и Велес, 1 степен во Кавадарци, Скопје – Зајчев Рид, Штип и Куманово и 2 степена во Виница.
Во изминатите 24 часа на Попова Шапка се измерени три литри врнежи на квадратен метар и 65 сантиметри снежна покривка, додека во Тетово и Пожаране е измерен еден литар на квадратен метар врнежи.
За денеска УХМР прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени


