Утринските температури во земјава се значително ниски. Скопјани на Зајчев Рид се разбудија на -7, а во Петровец на -9 степени. Најстудено е во Малешевијата, каде Берово бележи -11 степени Целзиусови. Студено со -8 степени е и во Велес, Струмица и Демир Капија.
Времето претпладне ќе се задржи стабилно и сончево, но попладнето носи промена. Облачноста ќе се згуснува, а во западните краишта вечерва и во текот на ноќта ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

