Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стручна работна средба во Кисела Вода: „Промоција на безбедна училишна средина“

    Стручна работна средба во Кисела Вода: „Промоција на безбедна училишна средина“

    02.04.2026 во 17:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Општина Кисела Вода се одржа стручна работна средба посветена на темата „Промоција на безбедна училишна средина“, чија главна цел е продлабочување на институционалната соработка и навремена превенција од несакани појави во образовните установи.

    Настанот обедини широк спектар на професионалци кои секојдневно се вклучени во воспитно-образовниот процес и грижата за младите. На средбата, заедно со директорите на основните училишта од територијата на општината, училишните психолози и претставниците од општинската администрација, свое учество зедоа и гостите од надлежните институции: Елизабета Поповска Маневска, раководител на Службата за деца во ризик и деца во судир со закон при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа (ЈУМЦСР) – Скопје, заедно со членови на нивниот стручен тим, како и Ана Попризова, сертифициран обучувач за законски обврски и стратегии за справување со насилство и ученичко учество.

    Настанот официјално го отвори градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, која ја потенцираше важноста од заедничкото делување:

    -Сите ние присутни овде денес делиме една највисока и најважна цел, безбедноста, здравјето и добросостојбата на нашите деца. Училиштето не е само место каде што тие стекнуваат знаења; тоа е просторот каде што го поминуваат најголемиот дел од денот, каде што се социјализираат и се оформуваат како личности. Токму затоа, таму тие пред сѐ мора да се чувствуваат заштитени, прифатени и безбедни. Свесни сме дека секојдневно се појавуваат нови предизвици кои директно влијаат врз младите. Затоа, наша обврска како институции и како стручни лица не е само да ги решаваме проблемите откако ќе настанат, туку да делуваме превентивно, навремено и организирано. Токму тоа е клучната цел на оваа работна средба: да воспоставиме многу подобра, поцврста и подиректна институционална координација. Кога ќе се појави каква било проблематична ситуација, ниту едно училиште не смее да биде оставено само на себе. Само преку ваква постојана соработка, преку меѓусебна поддршка и брза реакција на секој ризик, можеме да изградиме систем кој навистина функционира во пракса и да бидеме сигурни дека создаваме побезбедна училишна средина-потенцираше градоначалничката Стаменкоска Трајкоска

    Низ отворена дискусија беа разменети досегашни искуства од праксата, се дебатираше за тековните предизвици со кои се соочуваат образовните установи и беа предочени конкретни стратегии и законски механизми за справување со врсничкото насилство. Сето ова уште еднаш потврди дека тесната соработка и континуираната комуникација меѓу институциите се клучни за навремено детектирање на проблемите и гарантирање на безгрижен раст и непречен образовен процес за сите ученици.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.