Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Актуелно
- Сиљановска-Давкова на средба со шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан: Економската соработка во прв план
- СДСМ: Македонија ја тресе огромен картелски скандал
- Полицијата пуштена на најако: Санкционирани над 100 возачи поради несоодветно затемнети стакла
- Возете внимателно – на овие патни правци моментално вее снег
- Мицкоски на средба со УПОЗ: На маса потпишување на колективниот договор и новата формула за плати
- Ќе нема струја до 13:30 – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
- Денеска обилни врнежи од дожд, од недела вистински пресврт
- Полицијата пронајде дрога кај малолетници од Скопје

