Шест лица и двајца малолетници уапсени изминатата ноќ за поседување дрога. 

– На 03/04.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Л.(24), А.А.(32), А.А.(38), Д.И.(18), А.М.(35), 17-годишник и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје и А.К.(45) од село Морани, општина Студеничани, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, соопштија од МВР. 

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Exit mobile version