Од МВР за Пресс24 ја потврдуваат акцијата за опојна дрога која се одвива вечерва но без да откријат повеќе детали.
„МВР во координација со ОЈО ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога. Повеќе детали по завршувањето на активностите“, велат од МВР за Пресс24.
Како што известивме претходно вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот во Скопје во поранешниот комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од властите од четврток вечерта.
Наводно вклучени се повеќе институции полиција, царина, здравствени служби и јавно обвинителство а се насочени кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис кои со години ја злоупотребуваат дозволената дејност.
За сега нема потврди, нема деманти. Премиерот Мицкоски денес при изјавите за медиуми не сакаше да се впушта во детали за марихуаната запленета во Србија, што говори дека во позадина била опсежна акција на МВР. Повеќе информации се чекаат во текот на утрешниот ден

