Повеќе корисници во Скопје и околината денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во периодот од 9:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат дел од потрошувачите на улицата „Струма“ во општина Карпош. Во истиот овој интервал, без напојување ќе бидат и корисниците на Булевар „Јане Сандански“ бр. 30 во општина Аеродром.
Дополнително, прекини се најавени и во општина Илинден.
„Без електрична енергија од 8:30 до 13:30 ќе останат и дел од корисниците на ул. 8 и 11 Белимбегово во општина Илинден“, стои во соопштението од ЦУК.
Овие прекини се поради планирани технички интервенции во електросистемот.

