Страшна трагедија ја потресе италијанската општина Лука, откако четири члена на едно семејство беа пронајдени мртви во нивниот дом во Поркари. Жртвите се таткото Арти Кола (48), мајката Јонида (43), нивниот 22-годишен син Хајдар и 15-годишната ќерка Џесика. Првичните информации укажуваат дека причина за смртта е истекување на јаглерод моноксид, најверојатно од неисправен бојлер.

Алармот го покренала нивна роднина која не успеала да стапи во контакт со нив. По пристигнувањето на карабињерите и кршењето на вратата, тие се соочиле со драматична сцена и четири безживотни тела. Роднината која била со нив се онесвестила од гасот и е пренесена во болница во критична состојба, додека карабињерите поминале со лесна интоксикација.

Градоначалникот на Поркари, Леонардо Форначиари, изрази длабок шок од настанот кој ја потресе локалната заедница.

„Јавното обвинителство нареди запленување на куќата. Во наредните часови, карабинерите заедно со пожарникарите ќе утврдат дали бојлерот е регистриран, дали е правилно инсталиран и дали ги поминал потребните инспекции“, пренесуваат италијанските медиуми.

Семејството неодамна се вселило во куќата која таткото, по професија молер, самиот делумно ја реставрирал со помош на пријатели.

Exit mobile version