Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар.

Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски.

СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка дозвола и без регистрација на возилата? Дали ова е начинот на кој СДС ќе посегне да му наштети на проектот “Безбеден град”?Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои се закануваа со убиство и правдата да биде задоволена“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version