Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата

    „Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата

    23.06.2026 во 22:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неколку стотина граѓани на протест против Цементарница Усје. Побараа Министерството за животна средина да не и издава нова седумгодишна лиценца на компанијата бидејќи според Иницијативата „Стоп за Усје“ тоа би значело – нова лиценца по стари правила.

    Дополнително, од Министерството за животна средина побараа поголема транспарентност во процесот. Велат и дека тоа е целосно недостапно за граѓаните.

    Од Титан Усје, пак, велат дека во изминатите 15 години инвестирале 29 милиони евра во модернизација и заштита на животната средина.

    Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти. Компанијата доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни.ТИТАН Усје строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и останува целосно посветена на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Компанијата со големо внимание ги следи сите законски промени и во меѓународното и во домашното законодавство и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се усогласи на регулаторните барања, велат од Титан Усје.

    Во текот на зимата, кога и аерозагадувањето е видливо со голо око, Иницијативата „Стоп за Усје“ одржа неколку протести пред Цементарницата со крајно барање за нејзина дислокација надвор од Скопје.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.