Столтенберг: Путин нема планови за мир, нека се подготви Западот

 

Рускиот претседател Владимир Путин нема непосредни планови за мир во Украина и затоа Западот треба уште долго да се подготвува да му пружи помош на Киев, предупреди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Претседателот Путин не планира мир, тој планира уште војување“, рече Столтенберг во интервју за Гардијан.

Тој изјави дека Русија го зголемува воено индустриското производство и се обидува да „посегне до авторитарните режими, како Иран или Северна Кореја и други, во обид да набави повеќе оружје“.

„Жестоките судири, кои во моментов се случуваат околу Бахмут, во источна Украина, покажуваат дека Русија е подготвена да направи многу жртви за минимални придобивки“, рече генералниот секретар на НАТО.

23.03.2023 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега