Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: СДС го блокира Изборниот законик за да му купи време на Филипче или бара алиби за пораз

    Стојаноски: СДС го блокира Изборниот законик за да му купи време на Филипче или бара алиби за пораз

    29.06.2026 во 19:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата  „За или против” на Алфа телевизија се осврна на Изборниот законик кој денес влезе во собраниска процедура и говореше за најавата на опозициската СДС за блокада на истиот.

    „СДС го блокира овој законик од две причини. Прво, наоѓа алиби да не учествува на парламентарните избори, кога и да се случат, сакајќи на тој начин уште неколку години да му купат на Венко Филипче на чело на СДС, или припремаат алиби за поразот доколку учествуваат на тие парламентарни избори”, рече Стојаноски и додаде:

    „Во прес-конференцијата на Филипче тој вели „гласањето на нашите гласачи во дијаспората е антидемократски чин”. Тоа не сметам дека не е само навреда, туку тоа директно оди во корелација на нарушување на македонскиот идентитет, нешто што СДС подолго време го прави наназад”.

    Стојаноски посочи дека политиката не е Фејсбук, туку, како што кажа, потребно е преземање на одговорност затоа што граѓаните очекуваат резултати.

    „Откако е Левица парламентарна партија, или е во дел од советите на општините, сетете се барем на една целисходна работа што тие ја имаат направено. Едно е да земате плата и да ве има на социјалните мрежи, друго е вие да влезете во проблемите, да излезете на теренот и да се обидете нешто да надминете”, посочи Стојаноски.

    Стојаноски посочи дека очекува поголема конструктивност од страна на опозициските партии, со цел, како што кажа, испорачување подобри политики кон граѓаните.

    „СДС и Левица го потценуваат народот, нешто што мене убедливо најмногу ми пречи. Политиката не е работа на апстрактност, туку на конкретност. Тоа што вие ќе го кажете, потоа ќе треба да го истестирате со текот на времето и да го направите”, заклучи Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.