Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Македонија е меѓу водечките европски економии по квартален раст

    Стојаноски: Македонија е меѓу водечките европски економии по квартален раст

    27.05.2026 во 18:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ.

    „Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат за финансирање на одредени капитални проекти коишто се финансираат од централниот буџет, тоа е важно да се нагласи, бидејќи ние кога ја презедовме власта кажавме дека нашата економска филозофија ќе почива на неколку столбови од кои едниот е силен буст на капитални инвестиции да преку градежништвото го покачиме брутодомашниот производ, нешто што се гледа дека е присутно“, рече Стојаноски.

    Тој нагласи дека годинава државата има обврска да врати два запирка шест милијарди евра стари долгови, што претставува третина од буџетот, но и покрај тоа, како што рече, обезбедени се средства за повисоки плати, пензии и инфраструктурни проекти.

    „Оваа година имаме за враќање два запирка шест милијарди евра, тоа е третина од буџетот за стари долгови, но и покрај тоа успеваме да обезбедиме средства и за повисоки плати, и за повисоки пензии, и за реконструкции на инфраструктурни проекти, и за реализација на капитални проекти, нешто што сметам дека е навистина задоволително. Просечната пензија за две години во Република Македонија е покачена за 32%. Сите пензионери добиваа покачување од 7000 денари. Секој студент доби ваучер од 250 евра. Просечната нето исплата на плата, согласно Државниот завод за статистика, е зголемена за две години за 15,5%, односно 6500 денари. Понатаму, можеме да ги видиме, ете, колку е пораснат бројот на нововработените, 17.700 новокреирани работни места“, вели Стојаноски.

    Пратеникот Стојаноски истакна дека преку унгарскиот финансиски пакет, но и со средства од сопствениот буџет на Министерството за транспорт, се финансираат бројни проекти во општините. Како дел од инфраструктурните активности ги посочи подготовките за железничката пруга на Коридорот 10, како и изградбата на автопатот Прилеп-Битола, за кои оцени дека се реализираат со задоволително темпо.

    „Покрај оние средства коишто се од унгарскиот финансиски пакет и се финансираат проекти во општините, Министерството за транспорт и од сопствениот буџет издвојува средства и финансира проекти во многу општини коишто решаваат многу секојдневни проблеми на граѓаните. Во многу сериозна подготвителна фаза сме и за отпочнување на железничката пруга во Коридорот 10, автопатот Прилеп – Битола исто така иде во задоволително темпо, што значи дека кога ќе ги соберете сите овие проекти, вие имате неколку милијарди евра инвестиции“, истакна Стојаноски и додаде:

    „Нашата економска филозофија е многу едноставна. Прво е капитални инвестиции, второ е привлекување на странски директни инвестиции и трето, помош на македонското стопанство. Во овој момент тоа успева да ни обезбеди раст од 3,5% шест квартали по ред, нешто што не рангира на квартално ниво на третото или на петтото место во Европа“.

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.